Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Алиу најави паметен паркинг систем на Клинички: Резервации и уплати преку мобилна апликација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylg565806789g19HjcTV

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави решавање на деценискиот проблем со паркинг просторот во клиничкиот центар Мајка Тереза. Тој најави паметен паркинг систем со сензори за детекција на слободни паркинг места.

— реклама —

„Станува збор за давање под закуп на недвижни работи со непосредна спогодба со Град Скопје заради организирање, управување, уредување и одржување на паркиралишта во Комплекс клиники „Мајка Тереза. Во следната фаза Град Скопје ќе започне со проектирање и изградба на катните гаражи и инфраструктурно уредување. Договорот ќе биде склучен на 15 години. Ќе биде имплементиран паметен паркинг систем со интегрирани сензори за детекција на слободни места, со камери со автоматска регистрација на возило, со мобилна апликација за реално време за резервации и уплати и поврзување на фискален систем и е-управување на системот“, изјави Алиу.

Онколошките пациенти имаат бесплатни паркинг места, тој додаде дека тоа ќе продолжи и во иднина.

— реклама —

„Пациентите кои се лекуваат тука ќе имаат цена која ќе биде достапна за нив, нема да биде комерцијална. Исто така вработените ќе имаат цена која што е достапна за админсстрација, и на крај ќе имаме цена која ќе бие комерцијална како сите паркинг места кои имаат комерцијални цели а тоа ќе се однесува на граѓани кои се паркираат од други причини или за посета на некој близок кој е во кампусот“.

Со паметниот паркинг систем Алиу најави дека ќе може да се резервираат паркинг места преку апликација.

„Едниот начин е преку апликација да резервирате паркинг место ако сте пациент, со бројот на упатот, ако тоа не го направите преку апликацијата, имајќи предвид дека граѓаните немаат толку вештини за да може тоа да се аплицира, може тука кога ќе бидат пред рампата да се скенира само QR кодот од упатот и автоматски ќе може да добијат цена за услуга којашто е намената за пациенти. Ако сте вработен ќе имате QR код како вработен или исто така ќе може да се резервира преку апликацијата, ако сте граѓанин ќе треба само да влезете, ќе се отвори рампата, ќе најдете паркинг место и ќе се плати или онлајн преку истата апликација или ќе биде стандардно како што и до сега се преку плаќање со кеш“, вели Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk9t3t2uq9oi8aPckOwo

Договорот е потпишан: Скопје ќе гради две катни гаражи кај Клиничкиот центар, инвестиција од 3 милиони евра

Скопје | пред 6 часа

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Алиу: До јуни на Клинички ќе имаме катни гаражи коишто ќе можат да се користат

Скопје | пред 3 седмици

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

„Мафија на лажни просјаци“ дејствува околу Клиничкиот центар во Скопје, алармира доктор Лазаров

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryd8b47pvfua35c6nHj0D

(Видео) Не свирете кај Клинички, не го решавате метежот а создавате дополнителен стрес кај најранливите, алармира доктор Лазаров

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања