Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку fingerprint и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

— реклама —
— реклама —

„Знаеме во секоја институција колку имаме вработени, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат, и дали се во согласност тие институции со законските предвидени ограничувања. Имаме институции коишто веќе се дефинирани дека тоа не е постапено.

Во тој процес исто така, нели, имавме прес-конференција за листа на чекање за која веќе порталот функционира, е достапна. За жал не се ажурира на време, и барав од сите здравствени институции да мора дневно да се ажурира, и најверојатно ќе најдеме и законско решение за да може и да ги казниме институциите и директорите ако тоа не се постапува. Ние за џабе креираме дигитални решенија ако тие решенија не се хранат.

Исто така тука мора да бидеме построги, затоа го тестиравме едно од решенијата коешто со закон е овозможено, а тоа е fingerprint-от за да може здравствените работници check-in и check-out да направат според тој систем. Веќе во две клиники тестиран беше системот, ќе го воведеме прво во Скопје и после низ целата држава за да може да ги следиме законски.

За жал ситуацијата е таква како што вие кажавте, имаме ситуации каде што доктори прегледуваат само еден пациент неделно, и имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно, и едниот и другиот се аутлајери. Така да мора да ги следиме и да направиме систем којшто прво реално ќе го следиме ние како министерство, второ ќе реагираме навреме“, изјави Алиу.

— реклама —
— реклама —
lekari-715x420

„Доктори со помош на еликсир работеле секој ден 24 часа, без одмор, без пауза, зимале над 10.000 евра плата“ вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека потребно е и јавно да се укаже на злоупотреби и неетичко работење од страна на одредени здравствени работници. Тој посочи примери на лица кои, преку сомнителни практики, си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.„Е сега кога станува збор за здравството треба понекогаш не само да зборуваме убави работи. Треба да зборуваме и малку со доза на критика кон одредени здравствени работници коишто наоѓаат н

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrtr4ji8urd6g5Jc6lwt

Алиу: Здравството влегува во најважната фаза – поставување на системот на нови основи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library2cos9vkesill8NGuE12

Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynbp3locmufvuboXdNkm

Алиу: Ќе продолжиме со подобрување на условите за медицинските сестри и акушерките, тие се столб на здравството

Македонија | пред 1 месец

media-libraryga7uv0td6kep0roMxYE

Алиу: Работниците во угостителството се најизложени на штетните последици од пушењето

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања