Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Алиу: Пушењето ќе се регулира и на отворено таму каде што граѓаните се директно изложени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx
unsplash/Reza Mehrad

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства.

— реклама —

„Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна. На јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот интервенира само таму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите, потенцира министерот за здравство“, Азир Алиу.

Посебен акцент е ставен нa локациите каде луѓето не можат реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како на пример, при чекање во ред, простори на отворено каде се престојува подолго и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето кои чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не можат да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население.

— реклама —

Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, посебно е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како на пример пред детските игротеки, каде најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.

„Отворен простор не значи автоматски безбеден простор, доколку истиот е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа, ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите“, појаснува министерот Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Измени на предлог-законот за пушење: Терасите на локалите ќе треба да бидат отворени од две страни, наместо од три

Македонија | пред 2 седмици

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

По реакциите: Министерството за дигитална трансформација најави консултации за Водичот за инфлуенсери и промената на Законот за аудиовизуелни услуги

Македонија | пред 3 седмици

cigari

Малите трговци за новиот закон за пушење: Законот може да затвори над 4.000 бизниси

Македонија | пред 1 месец

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања