Малите трговци за новиот закон за пушење: Законот може да затвори над 4.000 бизниси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
cigari

Малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и други семејни бизниси, ќе бидат сериозно погодени од новиот закон за заштита од пушење, кој предвидува строги ограничувања во продажбата и изложувањето на тутунски производи. Според сопствениците, дел од нив ќе треба да отпуштаат вработени, а други ќе бидат принудени целосно да ги затворат продавниците.

— реклама —

Нацрт-законот забранува изложување на цигари, тутунски производи и уреди за нивна употреба на продажните места. Производите ќе мора да се чуваат во непроѕирни, затворени шкафови, без видливи светла, бои или брендирање. Малите трговци велат дека ваквите ограничувања ќе ги поткопаат нивните инвестиции и ќе предизвикаат големи финансиски загуби, бидејќи најголем дел од приходите им доаѓаат од долгогодишни договори со тутунската индустрија.

— реклама —

„Особено сме погодени сите што инвестиравме значителни средства за уредување на продажниот простор со витрини и безбедносни системи. Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни, а загубите за нас ќе бидат огромни. За голем дел од нас тоа значи целосно затворање на бизнисот од кој се хранат многу семејства“, велат трговците.

— реклама —

Тие истакнуваат дека законот нема јасни критериуми за специјализираните продавници за тутун и никотински производи, ниту пак предвидува преоден период за прилагодување на малите трговци. Дополнително, не е решено што ќе се прави со залихите на ароматизирани тутунски и никотински производи, чие прометување ќе биде целосно забрането.

Според малите трговци, новите правила ќе доведат до нагло откажување на веќе потпишаните годишни договори со дистрибутерите, преуредување на просторот и отстранување на брендингот, што ќе предизвика финансиски колапс и отпуштање на вработени.

Нацрт-законот, изработен од Министерството за здравство, предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, како и целосна забрана за пушење во јавни и работни простории.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

Коментари | пред 1 ден

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

„Кога веќе се грозиме од пороци, да видиме што е легално, а не се користи за медицински цели: цигари“

Коментари | пред 2 дена

media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Прво едукација, па казни за новиот закон за пушење

Македонија | пред 4 дена

media-librarydfks938691ls6Bw4X56

Грчката полиција разби мрежа за производство и шверц на илегални цигари

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања