Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.

-Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Воведени се и електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката, посочи министерот Алиу.

— реклама —

Дополнително, се зајакнува контролата на квалитетот и безбедноста, се унапредува фармаковигиланцата и се подобрува координацијата меѓу институциите. Законoт предвидува и построги правила за клинички испитувања, како и нов систем за управување со фармацевтски отпад од домаќинствата.

— реклама —

Целта на новото законско решение е да се обезбеди подобра регулација на цените, поголема достапност на терапијата и долгорочна одржливост на здравствениот систем.

— реклама —

Предлог-законот ќе биде достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од понеделник, наредната недела, каде јавноста ќе може да достави свои забелешки и предлози.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8bonebdhe7bg6rr1oEB

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

Алиу без конкретен одговор дали ќе остане во Владата: функциите не се најважни

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

Македонија | пред 1 месец

media-library0nve20dnt7df8TtYw2F

„Вештачката интелигенција е поддршка, но не и замена за лекарите“, вели Алиу на состанокот на СЗО

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања