Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат дополнителни внатрешни проверки за евентуално постоење на таканаречени „фантом-вработени“ и во други клиники и институти, Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека ревизорските контроли во здравствените институции се спроведуваат согласно годишна програма на Државниот завод за ревизија, при што дел од клиниките веќе биле опфатени со проверки.

— реклама —

„Ревизорите имаат годишна програма со којашто спроведуваат ревизија во институциите. За оваа година беа опфатени неколку клиники, а за следната година ќе имаме средба за да дефинираме каде ќе се спроведуваат вакви процеси“, изјави министерот.

— реклама —

На прашањето дали тие внатрешно ќе направат проверка, Алиу нагласи дека законските одредби се јасни и мора да се почитуваат, додавајќи дека секое неоправдано отсуство од работа треба да биде санкционирано.

— реклама —

„Законите се многу јасни и треба да се почитуваат. Ако не се доаѓа на работа, се знае дека по три дена треба да се реагира. Затоа го имате системот со фингерпринт, кој е функционален. Јас лично се чекирам кога доаѓам на работа, за да покажеме дека системот може да воведе реде и тој многу брзо ќе биде дел од сите клиники и здравствени институции, за да можеме да ги наградиме тие што доаѓаат на работа и исто така да можеме да преземеме мерки кои се предвидени со закон за тие што сакаат или ќе го третираат законот како што тие мислат дека треба да се третира“, рече Алиу.

— реклама —
media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Само 2–3 лица останале на платен список, Андоновска: Ако се преземат мерки, може да бидат вратени, немаме доказ

Само 2–3 лица кои целосно не доаѓале на работа, а биле евидентирани преку користење на картички за пријавување присуство, сè уште се на платен список, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.Таа посочи дека останатите вработени кои биле опфатени со овој случај сами си заминале од работните позиции.„Многу малку, 2–3 луѓе се останати, кои целосно не доаѓале на работа. Останатите си заминаа со образложение дека немаат време да седат, бидејќи побарав да се работи од 7:3

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8bonebdhe7bg6rr1oEB

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

Алиу без конкретен одговор дали ќе остане во Владата: функциите не се најважни

Македонија | пред 1 месец

media-library0nve20dnt7df8TtYw2F

„Вештачката интелигенција е поддршка, но не и замена за лекарите“, вели Алиу на состанокот на СЗО

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytphi53jt9m41ahuZUrF

Алиу: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања