Промени тема
Контакт

Алиу: Здравството повеќе нема да функционира по навика, туку по стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library1ljcli2fvu23aGypBEJ

Азар Алиу на денешната пре-конференција која се одржа за пуштање во употреба на реконструираниот дел од ГОБ ,,8-ми Септември" изјави дека реконструкцијата и модернизацијата на здравствените капацитети претставуваат дел од поширок процес на воведување стандарди во македонското здравство.

Во обраќањето при посетата на една од најзначајните јавно-здравствени установи во секундарното здравство, Алиу посочи дека новата инфраструктура е изведена според светски стандарди и дека претставува значаен исчекор за здравствениот систем.

„За нас како Влада и како Министерство за здравство, ова не е само реконструкција на ѕидови, туку реконструкција на начинот како ги планираме и креираме политиките во здравството“, рече Алиу.

— реклама —

Тој нагласи дека здравството повеќе нема да функционира „по навика“, туку врз основа на стандарди и долгорочни стратегии.

— реклама —

Според него, инфраструктурата е еден од клучните столбови на реформите, но промените ќе продолжат и во секојдневната работа на медицинскиот персонал.

„Од стратегиите што ги имавме на хартија, веќе почнуваме реално да ги гледаме проектите реализирани во здравствениот систем“, истакна Алиу.

— реклама —

Тој им се заблагодари на компаниите и конзорциумот што учествувале во реализацијата на проектот, оценувајќи дека новите операциони сали ги исполнуваат сите современи светски стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8bonebdhe7bg6rr1oEB

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

Алиу без конкретен одговор дали ќе остане во Владата: функциите не се најважни

Македонија | пред 1 месец

media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

Македонија | пред 2 месеци

media-library0nve20dnt7df8TtYw2F

„Вештачката интелигенција е поддршка, но не и замена за лекарите“, вели Алиу на состанокот на СЗО

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања