Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Амандман за повисок студентски оброк: се предлага да се зголеми од 140 на 200 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library5bu5me34s6ja2yMsCbq
Фото: AI / Илустрација

Се предлага зголемување на дневниот студентски оброк од сегашните 140 на 200 денари, односно за 60 денари. Предлогот е поднесен со амандман на вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, а за негово спроведување се потребни дополнителни 200 милиони денари, или околу 3,25 милиони евра.

— реклама —

Со амандманот се бара зголемување од речиси 43 проценти, со образложение дека актуелниот износ не е доволен за покривање на основните потреби на студентите поради инфлацијата и поскапувањето на храната и другите животни трошоци.

— реклама —
— реклама —

Предлагачите сметаат дека повисокиот износ ќе го подобри животниот стандард на студентите, ќе го намали финансискиот товар врз нивните семејства и ќе придонесе за создавање подобри услови за студирање.

Собранието го разгледува ребалансот на Буџетот, за кој се поднесени вкупно 124 амандмани. Дали студентскиот оброк ќе се зголеми на 200 денари дневно ќе зависи од исходот на амандманската расправа и одлуката на пратениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Ваучери за храна наместо пари, предлог на Министерството за образование за студентскиот оброк

Македонија | пред 12 минути

— реклама —
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Студентите и оваа година ќе добиваат 840 денари неделно за оброк: Пријавувањето почнува на 26 август

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања