Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јаневска ветува зголемување на студентскиот оброк, студентите чекаат детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Зголемување на државната субвенција за студентски оброк ќе има, но сè уште не се знае колкав ќе биде новиот дневен износ и кога ќе почне да се применува. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска порача дека ќе се најде решение за барањето на студентите субвенцијата од 140 да се зголеми на 200 денари дневно.

— реклама —

Едно од решенијата што се разгледуваат е воведување ваучери наместо платежни картички, со кои студентите би можеле да купуваат исклучиво храна. Студентските претставници најавија дигитален референдум на кој ќе се изјаснат за предлогот.

— реклама —

По вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерката Јаневска, како можен пример беше посочен системот што се применува во Словенија. Според Јаневска, ваучерите би важеле кај одредени оператори што ќе продаваат храна.

„Зголемување секако ќе има; која ќе биде сумата, дополнително ќе се договориме“, изјави Јаневска, додавајќи дека верува оти ќе биде пронајдено решение со кое сите ќе бидат задоволни.

— реклама —

Студентите ја поднесоа иницијативата за зголемување на субвенцијата на почетокот на академската година. Јаневска претходно посочи дека со поранешното раководство на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ било договорено да се прошири кругот на студенти што имаат право на субвенциониран оброк, наместо да се зголеми дневниот износ.

Според министерката, опфатот веќе е проширен согласно со договореното, а за новото барање се бара дополнително решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd35q18jc2luh2nmJVcy

Студентскиот оброк од 3.500 на 4.500 денари преку М-Услуги, но парите да се трошат за храна, а не за алкохол и цигари, предлага Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Ваучери за храна наместо пари, предлог на Министерството за образование за студентскиот оброк

Македонија | пред 1 ден

media-library5bu5me34s6ja2yMsCbq

Амандман за повисок студентски оброк: се предлага да се зголеми од 140 на 200 денари

Македонија | пред 1 ден

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Студентите и оваа година ќе добиваат 840 денари неделно за оброк: Пријавувањето почнува на 26 август

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања