Промени тема
Контакт

Амазон инвестира над 300 милиони евра во логистички центар во Германија, ќе отвори стотици нови работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt
Photo by Yender Gonzalez on Unsplash

Американската компанија „Амазон“ ќе инвестира повеќе од 300 милиони евра во проширување и модернизација на својот логистички центар во германскиот град Пфорцхајм.

Компанијата очекува до крајот на 2029 година бројот на вработени во овој центар да надмине 2.000, што е речиси двојно повеќе од сегашниот број.

Со реконструкцијата, логистичкиот центар ќе биде прилагоден за складирање на помали и средни производи, наместо досегашниот фокус на поголеми артикли. Новите капацитети ќе можат да примат околу 20 милиони производи, од USB-мемории до мали апарати за домаќинство.

— реклама —

Во работењето ќе бидат вклучени стотици транспортни роботи кои ќе ги носат полиците до вработените, со цел да се намали потребата од движење низ магацинот и да се зголеми ефикасноста.

Од компанијата истакнуваат дека за време на реконструкцијата нема да има отпуштања и дека сите постојни работни места ќе бидат задржани. Во германската покраина Баден-Виртемберг „Амазон“ работи на десет локации и вработува околу 3.000 луѓе.

Покрај инвестицијата во Германија, компанијата повторно ја потврди намерата значително да ги зголеми вложувањата во технолошката инфраструктура, особено во областа на вештачката интелигенција. За оваа година се планирани дополнителни 20 милијарди долари, со што вкупните капитални инвестиции ќе достигнат 220 милијарди долари.

— реклама —

Главниот извршен директор Енди Џеси оцени дека и покрај огромните вложувања, побарувачката за компјутерски капацитети останува многу висока и би можела да ја надминува понудата и во текот на 2027 година.

Значаен придонес во растот на компанијата има и платформата Amazon Web Services (AWS), чии приходи во вториот квартал пораснале за 37 проценти и достигнале 42,2 милијарди долари. Вкупните приходи на „Амазон“ изнесувале 200,6 милијарди долари, додека нето-добивката се зголемила повеќе од трипати во споредба со истиот период лани, достигнувајќи 62,65 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

„Амазон“ гради центар за вештачка интелигенција што може да стане најголемиот загадувач во САД

Технологија | пред 3 седмици

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

Амазон стана најголемата компанија во светот според приходите

Свет | пред 1 месец

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

Нови отпуштања во Амазон: Компанијата ги пренасочува ресурсите кон клучни AI проекти

Свет | пред 1 месец

media-libraryl8ngj9tksblccbzOTZr

Нова измама на „Амазон“: Ако ви пристигне пакет што не сте го нарачале – бидете внимателни

Технологија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања