Промени тема
Контакт

Амазон стана најголемата компанија во светот според приходите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt
Photo by Yender Gonzalez on Unsplash

„Амазон“ ја презеде првата позиција на листата Fortune Global 500, со што ја прекина долгогодишната доминација на „Walmart“ и стана компанијата со најголеми приходи во светот.

Три децении откако Џеф Безос започна да продава книги од својата гаража, „Амазон“ денес има пазарна вредност од околу 2,6 билиони долари и се подготвува за најголемиот инвестициски циклус во својата историја, насочен кон вештачката интелигенција, облачната инфраструктура и развојот на сопствени чипови.

Компанијата е основана во 1995 година како мала онлајн книжарница, а денес, покрај електронската трговија, работи и во областа на логистиката, облачните услуги, дигиталното рекламирање, филмската продукција, потрошувачката електроника и производството на чипови.

Џеф Безос за магазинот „Fortune“ изјави дека големината никогаш не била главната цел на компанијата.

— реклама —

„Не сакам да се гордееме затоа што сме големи. Сакам да се гордееме затоа што им служиме на клиентите“, рече Безос.

„Амазон“ планира во текот на 2026 година да инвестира околу 200 милијарди долари, најмногу во развојот на платформата AWS, центри за податоци, генеративна вештачка интелигенција и сопствени процесори.

Компанијата веќе потпиша повеќемилијарден договор со „Мета“, која ќе ги користи процесорите Graviton за развој на проекти поврзани со вештачката интелигенција.

— реклама —

Дополнително, „Амазон“ планира да инвестира до 25 милијарди долари во компанијата Anthropic, еден од главните конкуренти на OpenAI, додека „Anthropic“ треба да користи облачни услуги на „Амазон“ во вредност поголема од 100 милијарди долари.

Според процените што ги пренесува „Fortune“, „Амазон“ во наредните години би можел да стане првата компанија во историјата со годишни приходи од еден билион долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

„Амазон“ гради центар за вештачка интелигенција што може да стане најголемиот загадувач во САД

Технологија | пред 3 седмици

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

Амазон инвестира над 300 милиони евра во логистички центар во Германија, ќе отвори стотици нови работни места

Свет | пред 1 месец

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

Нови отпуштања во Амазон: Компанијата ги пренасочува ресурсите кон клучни AI проекти

Свет | пред 1 месец

media-libraryl8ngj9tksblccbzOTZr

Нова измама на „Амазон“: Ако ви пристигне пакет што не сте го нарачале – бидете внимателни

Технологија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања