Промени тема
Контакт

Американската морнарица чисти мини во Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Два разарачи на Американска морнарица започнаа операција за расчистување на морски мини во Ормускиот теснец, со цел да се овозможи безбедна пловидба низ еден од најважните светски трговски коридори.

Од CENTCOM информираат дека разарачите „USS Frank E. Peterson“ и „USS Michael Murphy“ веќе минале низ теснецот и дејствуваат во Арапскиот Залив како дел од поширока мисија за отстранување на мини, за кои се тврди дека биле поставени од иранската Револуционерна гарда.

— реклама —

Командантот на CENTCOM, адмирал Бред Купер, изјави дека се работи на воспоставување нов безбеден пловен коридор, кој наскоро ќе биде споделен со поморската индустрија со цел да се обнови трговскиот сообраќај.

Операцијата следува по најавите на Доналд Трамп дека САД ќе започнат со расчистување на теснецот, како дел од напорите за стабилизација по примирјето со Иран.

— реклама —

И покрај активностите, безбедносната состојба останува кревка, бидејќи покрај мините, постои ризик и од ракетни напади, што ја отежнува заштитата на бродовите.

— реклама —

Според последните податоци, по прогласеното примирје низ теснецот поминале само околу триесетина бродови, што укажува на ограничено обновување на поморскиот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Свет | пред 20 часа

SeKXr-

Нафтата поевтинува, фокусот е на новите санкции на САД за Иран

Свет | пред 23 часа

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Свет | пред 1 ден

media-librarysaab13t5p5ki7bPSfGb

Иран: Американскиот „економски војна“ против Техеран би го прекршила меѓународното право

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања