„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Американски државјанин со нигериско потекло криел цел арсенал пиштоли, куршуми и ножеви, фантомка, сајли за врзување...ОЈО бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Скопје
media-libraryfg6eu3eg7svp1Sj0Tbj

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383. На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира.

Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол “Глок” со калибар 9мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол. Откако беше утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбеди наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол “Глок”, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Планирал љубовна вечер со две жени, но добил ќотек и останал без 200 илјади денари: Поведена истрага против две жени и двајца мажи

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5dbb352foa4fUU9OdK

Многу кеш, сефови, имот, станови, камиони, милиони: кој е Борче Марковски – човекот зад „Марковски компани“

Македонија | пред 2 месеци

starica

Ужас во два домa за стари лица во Скопје: сопственички тепале, заклучувале и хранеле штитеници со расипана храна

Скопје | пред 2 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Отворена истрага за четворица осомничени за бомбашкиот инцидент во Битола

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања