Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Американски разурнувачи биле нападнати во Ормутскиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека три разурнувачи на американската морнарица биле нападнати додека минувале низ Ормутскиот теснец, но нагласи дека пловните објекти не претрпеле штета.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека американските сили возвратиле на нападите и дека биле уништени повеќе ирански пловни објекти, како и ракети и беспилотни летала.

„Три американски разурнувачи од светска класа успешно транзитираа низ Ормутскиот теснец под оган. Немаше штета на бродовите, а иранските напаѓачи претрпеа големи загуби“, напиша Трамп, додавајќи дека американските сили ќе продолжат со поморската блокада доколку Иран не постигне договор со Вашингтон.

— реклама —

Претходно, ЦЕНТКОМ соопшти дека американската војска извршила напади врз „ирански воени цели“ откако три американски пловни објекти биле нападнати при премин низ Ормутскиот теснец кон Заливот.

— реклама —

Според ЦЕНТКОМ, Иран користел ракети, дронови и мали пловни објекти, а американските сили ги неутрализирале заканите и погодиле локации за лансирање ракети и беспилотни летала, командни центри и објекти за разузнавање и надзор.

Од друга страна, иранскиот Генералштаб обвини дека САД го прекршиле примирјето со напад врз ирански нафтен танкер и уште еден брод што влегувал во Ормутскиот теснец.

— реклама —

Иранските вооружени сили, исто така, тврдат дека биле извршени воздушни напади врз цивилни области долж бреговите на Бандар Хамир, Сирик и островот Кешм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3ijms31dkv1abpCVcM0

Освои милион долари на лотарија во САД, па беше уапсен од имиграциската служба

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybmrfkjuukh4sfOzjJHW

(Видео) Драма во авион на „Американ ерлајнс“: Патник се обидел да ја отвори излезната врата, летот пренасочен

Свет | пред 2 дена

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Иран поднесе тужби во пет земји по нападот врз училиште во кој загинале 123 деца

Свет | пред 5 дена

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Шефот на американското разузнавање: „Путин не ѝ е пријател на Америка кога станува збор за Украина“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања