Промени тема
Контакт

Американски сенатор до Иранците: Помошта пристугнува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarylfpebmm7mdi6ciCPjv6

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека помошта за иранските демонстранти „е на пат“, само неколку часа откако Трамп јавно порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени да им помогнат на граѓаните на Иран во нивната борба за слобода.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Греам се обрати директно до иранскиот народ, наведувајќи дека „долгата ноќна мора наскоро се приближува кон својот крај“. Тој порача дека претседателот на САД, како и сите кои ја поддржуваат слободата, ја забележале храброста и решителноста на демонстрантите да стават крај на, како што наведе, угнетувањето во земјата.

— реклама —

Сенаторот додаде дека пораката на Трамп „Да го направиме Иран повторно голем“ претставува јасен повик иранските демонстранти да надвладеат над исламските водачи. Според Греам, ова е најјасниот сигнал досега дека американскиот претседател разбира оти Иран не може да биде просперитетна држава сѐ додека, како што рече, ајатоласите и нивните следбеници се на власт.

— реклама —

На крајот од пораката, Греам упати поддршка до сите кои учествуваат во протестите, порачувајќи дека нивната жртва нема да остане незабележана и дека помошта е веќе во движење.

— реклама —

Изјавата на Греам доаѓа неколку дена откако тој се појави во јавноста заедно со Доналд Трамп, при што вниманието го привлече капа со натпис „Make Iran Great Again“, која ја носеше американскиот претседател. Дел од аналитичарите овој гест го протолкуваа како симболичен сигнал за можна поинтензивна американска поддршка на протестите во Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 22 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања