Промени тема
Контакт

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.

За усвојување на законот кој го изгласа Конгресот по неколкумесечно одложување гласаа 79 сенатори, а против 18.

За да стапи на сила законот, треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден.

— реклама —

Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „контра комунистичка Кина“ во Индо-пацификот, додека четвртиот дел од пакетот е наменет за мерки што ќе доведат до потенцијална забрана на апликацијата TikTok во САД, мерките според кои замрзнатите руски средства ќе бидат префрлени во Украина и ќе бидат воведени нови санкции кон Иран, пренесува Ројтерс.

— реклама —

„Ќе го потпишам овој предлог-закон веднаш штом ќе пристигне на моето биро утре и ќе им помогнам на Американците за да започнеме со испраќање оружје и опрема во Украина оваа недела. Потребата е итна: за Украина, која се соочува со немилосрдно бомбардирање од Русија, за Израел, кој штотуку се соочи со невиден напад од Иран, за бегалците и оние кои се погодени од конфликти и природни катастрофи низ светот, вклучително и во Газа, Судан, Хаити“, рече тој. Бајден.

Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега - победи“, пренесува Гласот на Америка.

— реклама —

„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Четири лица загинаа, над 60 се повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryurc23bpihup23TfWOHv

Киев под најголем воздушен притисок од почетокот на војната: Сирените се огласуваат и по 13 пати дневно

Свет | пред 3 дена

media-librarylbm63rtdou9j5lImbFt

Украина бесна поради новата карта на светот

Свет | пред 4 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев: Зеленски ги пречека со прегратка

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања