Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Американското Министерство за внатрешна безбедност тврди дека пукањето во Минеаполис било чин на самоодбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library7vpbk3pc0g7ubWbSbaD

Американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS) денеска објави официјална верзија на настаните поврзани со пукањето во Минеаполис, каде федерални агенти од имиграциската служба усмртија маж за време на операција во северниот дел на САД.

Според соопштението на DHS, мажот им се доближил кон агентите за време на операцијата и наводно имал полуафтматски пиштол калибар 9 мм, кој бил прикажан на фотографија објавена на социјалната мрежа X од страна на министерството.

— реклама —

Потоа, како што јавуваат американските медиуми, мажот бил убиен од федерални агенти при конфронтација каде што агентите првин се обиделе да го разоружаат, а тој, според DHS, „силно се спротиставил“ на тие обиди. Меѓу причините што ги наведува министерството е и стравот за сопствениот живот и за безбедноста на колегите, по што еден од агентите испукал одбранбени истрели и мажот починал на самото место. DHS исто така наведе дека мажот имал два полни магазини и не поседувал идентификациски документи.

— реклама —

Министерството за внатрешна безбедност оцени дека околностите сугерираат дека лицето имало намера да предизвика што поголема штета и потенцијално да наштети на припадници на полицијата, по што порача дека операцијата ја спроведуваат со цел да обезбедат ред и безбедност. Како што соопшти DHS, по пукањето на местото подоцна пристигнале околу 200 лица кои протестирале, по што следеле мерки за контрола на толпата и обезбедување на областа. Истрагата за случајот продолжува додека локалните и федералните власти разменуваат информации за настанот, кој дополнително ги заостри тензиите во градот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Демократските држави повторно ја тужат администрацијата на Трамп

Свет | пред 1 час

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран го демантира Трамп: Нема преговори со САД, ниту договорени средби

Свет | пред 7 часа

Screenshot_3-Copy-32

Зошто Вашингтон купува јени со евра, а не со долари?

Свет | пред 11 час

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп најави нови преговори со Иран: Го откажавме најголемиот напад од Втората светска војна

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања