Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

По проценката на АНБ, Груби не е безбеден ниту дома, ама обвинителот сепак го прати во куќен притвор

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryt83ec6udbqva1QkHzKC

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ниту АНБ, ниту МВР не изготвиле безбедносна проценка со која посочиле дека Артан Груби ќе биде небезбеден само доколку заврши во ефективен притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, неофицијално дознава „Скопје1“. Известувањето на кое вчера се повика обвинителот кога бараше куќен притвор, се однесува на општа безбедносна проценка, што би значело дека Груби не е безбеден никаде, па ниту дома.

Сознанијата пак, дека има ризик по безбедноста на Груби не се тазе. Дел од нив оперативно се добиени пред една година и по истите е постапено. Затоа и му било доделено обезбедување кое поранешниот вицепремиер го имаше сѐ додека не замина од Македонија, по што беше баран со потерница. Според засега непотврдени информации, дел од лицата кои токмеле план за да му наштетат, се и затвореници. Но останува отворено прашањето, во кои затворски установи издржуваат притвори или затворски казни. Бидејќи, пракса е доколку еден затвор е небезбеден за издржување на мерка или казна, притворениот или осудениот да биде префрлен во друга установа.

— реклама —

„Скопје1“ побара детали и од МВР за тоа што стои во известувањата до Обвинителството, но оттаму без детали за овие сознанија.

— реклама —

„Министерството за внатрешни работи, согласно своите законските надлежности ги сподели со Јавното обвинителство сите информации и сознанија со кои располагаше, а кои се однесуваат на конкретното лице, вклучително и информациите од Агенцијата за национална безбедност. Во понатамошната постапка, одлуките за барање и определување на мерките ги носат исклучиво надлежното обвинителство и судот“, велат од МВР.

— реклама —

За безбедноста во затворска установа, гарантира управата. Вчера, директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски, посочи дека безбедноста на Груби е гарантирана, додавајќи дека се почитуваат сите прописи и правила.

„Скопје1“ постави прашања до обвинителот, како дошол до заклучок дека во било кое притворско одделение не може да се гарантира безбедноста на Груби – но не добивме одговор. Наспроти ова, стигна соопштение.

„По проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен“, стои во кусото објаснување од соопштението.

Прашавме и зошто Обвинителството се повикува на известувањето од МВР при предлогот за куќен притвор, кога истото укажува дека Груби не е сигурен ниту дома. Не добивме одговор.

Молк и на прашањето дали на овој начин, Обвинителството индиректно ја префрла вината од своите редови кај извршната власт.

Во исто времен, Груби издржува куќен притвор, кој доколку седне на обвинителна клупа и биде осуден, ќе му се засмета во изречената казна. Во спротивно, ќе биде ослободен, а државата ќе плаќа оштета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymtjl29n7nlog71ADFgz

АНБ за случајот со синагогата: Разбиена радикална групација поврзана со „Исламска држава“

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
hristovski

АНБ работи со засилени оперативни капацитети кои довеле до отворање на предмети за висока корупција, објави Христовски

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-10-143507

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Македонија | пред 8 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар, вели Стојаноски

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања