„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Андоновски: Нема да дозволиме корупцијата и приватниот интерес да надвладеат над сајбербезбедноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stefan-andonovski1-1

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше и се обрати на конференцијата „Business and Government: Aligning for a Secure Digital Future", организирана од Американската стопанска комора. На настанот, кој собра повеќе од 150 учесници од бизнис заедницата, владини институции, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и ИКТ професионалци, министерот Андоновски ја истакна важноста на соработката меѓу власта и приватниот сектор во процесот на дигитализација.

— реклама —

„Оваа конференција ни дава исклучителна можност да разговараме отворено и да ги усогласиме приоритетите на бизнис секторот со владините иницијативи, да дискутираме за модернизација на регулаторната рамка и да најдеме начини како заедно да го прошириме пристапот до електронските услуги," нагласи министерот Андоновски.

— реклама —

„Како Влада нема да дозволиме корупцијата која го владееше јавниот сектор, мотивирана и од приватниот интерес на компаниите негативно да влијаат на системот на сајбербезбедност.“

„Во изминатите три месеци скоро го дуплиравме бројот на достапни електронски услуги, а бројот на поднесени барања на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk е зголемен за над 150%.“, истакна Андоновски.

Министерот додаде дека заедно, Владата и бизнис секторот можат да креираат дигитален екосистем, кој не само што ќе се прилагоди на денешните потреби, туку и ќе ги предвиди можностите на новото време. „Знам дека за многумина од вас времето е пари, а инвестициите бараат сигурност. Затоа, ќе создадеме околина каде вашите дигитални иновации ќе можат да растат и да се развиваат. Ќе поставиме јасни правила на игра, ќе обезбедиме модерна инфраструктура и ќе се погрижиме сите наши напори да одат во иста трансформативна насока“, истакна министерот во своето обраќање.

Конференцијата „Business and Government: Aligning for a Secure Digital Future", е организирана од Американската стопанска комора со цел да се поттикне фокусирана дискусија за начините на кои бизнисот и власта можат да соработуваат за да ја забрзаат дигиталната трансформација и да преземат конкретни чекори кон дигитализација на институциите, бизнисите и општеството во целина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk3lip8men588dBFLkWN

Андоновски: Дигитализацијата e основна алатка за борба против корупцијата

Македонија | пред 1 месец

media-librarymm73dc19pvgr0kQ2Zb7

Лажни се мејловите и пасвордите кои кружат на интернет од државни институции, лажна е заканата за голем сајбер напад, вели Андоновски

Македонија | пред 3 месеци

1000022048

Андоновски: МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Македонија | пред 1 година

stefan-and-1

Андоновски ја отвори глобалната Сајбер Конференција во Цирих

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања