Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ангелов: Пожарот кај Кавадарци е речиси под контрола, очекуваме денеска да биде изгаснат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8sm9eppb2aeiePp12i5

Пожарот кај Кавадарци, кој беше најтежок за интервенција од околу 30-те пожари регистрирани вчера низ државата, е речиси целосно ставен под контрола и се очекува до крајот на денот да биде целосно изгаснат, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

— реклама —

Тој информираше дека во гаснењето вчера биле ангажирани два „ер трактори“, армиски и полициски хеликоптер, а денеска, од утринските часови, дејствуваат три „ер трактори“, кои заедно со пожарникарите значително придонеле за локализирање на огнот.

— реклама —

Според Ангелов, пожарот бил исклучително тежок за гасење поради стрмниот и тешко пристапен терен, обраснат со густа вегетација.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изјави дека пожарот избувнал на пет различни локации, оддалечени меѓусебно од 500 до 700 метри, поради што, како што рече, постојат индиции дека бил подметнат.

— реклама —

Тој нагласи дека во гаснењето биле вклучени пожарникари, полиција, доброволни противпожарни друштва, механизација, комунални служби и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување, а со координирана акција бил опфатен целиот пожарен фронт.

— реклама —

Јанчев очекува пожарот до крајот на денот целосно да биде изгаснат, по што на терен ќе останат патроли за да се спречи негово повторно активирање. Тој додаде дека во пожарот не е зафатена високостеблеста шума, а заштитени се и населените места и имотот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynlenoeam413af1lFQXH

Утврдена конечната траса на вториот дел од обиколницата за Кавадарци

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-librarytl0k1lssk8ca1YSIU77

Нови цветни бои го разубавуваат градскиот плоштад во Кавадарци

Македонија | пред 8 часа

media-libraryctppd11fdi8a0grdBIg

Био-пазарот во Кавадарци пред завршница, инвестицијата изнесува 26,5 милиони денари

Македонија | пред 1 ден

media-libraryuiebv6r4sed6dOGG6ey

Поставена заштитна мрежа во должина од 65 метри на патеката кон Марена

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања