Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Анкета: Поддршката за Трамп падна на 32 отсто, најниско ниво во неговата политичка кариера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто, што е најниско ниво во неговата политичка кариера, покажува новото истражување на „Ројтерс/Ипсос“.

— реклама —

Во четиридневната анкета, спроведена до вчера, 73 отсто од републиканците изјавиле дека го одобруваат работењето на Трамп. Тоа е пад во споредба со 82 отсто, колку што изнесувала поддршката меѓу републиканците во истражувањето на „Ројтерс/Ипсос“, спроведено една недела претходно. Вкупниот рејтинг на Трамп во таа анкета изнесувал 35 отсто.

Трамп се врати во Белата куќа во јануари 2025 година со ветувања дека ќе ја намали инфлацијата и ќе стави крај на воените конфликти во странство. Само неколку часа по неговата инаугурација, поддршката за неговото работење изнесувала 47 отсто, според истражувањето на „Ројтерс/Ипсос“.

— реклама —

Во најновата анкета, само 17 отсто од испитаниците го одобриле начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот. Тоа е едно од клучните прашања за американските гласачи во пресрет на изборите за Конгресот на средината на мандатот, закажани за 3 ноември.

— реклама —

Особено е забележлив падот на поддршката и меѓу републиканците во однос на ова прашање. Според анкетата, за првпат, оние што не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот се побројни од оние што го поддржуваат – 51 отсто наспроти 44 отсто.

Според податоците од истражувањето, незадоволството расте откако Трамп во февруари започна војна со Иран, по што значително се зголемија цените на бензинот и дизелот.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ била спроведена преку интернет и опфатила 1.277 полнолетни граѓани на САД од целата земја. Маргината на грешка изнесува три процентни поени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 3 часа

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 3 часа

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања