Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Анти-Грета“ тврди дека ѝ се заканува смрт, бара азил во САД и помош од Илон Маск

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library2534lsglhp9j7mHCDyr

Германската конзервативна активистка Наоми Сајбт, позната како „анти-Грета Тунберг“, тврди дека и се заканува смртна опасност и дека побарала азил во САД, со поддршка од милијардерот Илон Маск.

Дваесет и петгодишната Сајбт стана позната во 2020 година, кога ја ангажираше конзервативен тинк-тенк како „лице на борбата против зелената агенда“. Денес таа тврди дека поддршката што ѝ ја дала крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) ја претворила во мета во нејзината татковина.

— реклама —

Сајбт се надева дека ќе го искористи новиот закон за азил што го воведе администрацијата на Доналд Трамп, кој, според неа, дава предност на Европјани и жители на Јужна Африка.

„Илон е свесен колку е опасна Европа, особено за луѓе со конзервативни ставови, и тоа ми го потврди лично“, изјави таа за Fox News Digital.

— реклама —

„Одлучив да побарам азил во САД, а тој ми даде своја поддршка за тоа“, додаде таа.

Сајбт вели дека во моментов престојува „легално“ во САД, каде што чека интервју за азилски статус, а од кога Маск почнал да ги споделува нејзините објави на платформата X, тие останале во личен контакт.

„Мојата цел е да станам американска државјанка, затоа што оваа земја ми даде надеж“, изјави таа.

— реклама —

Активистката вели дека германските власти ја шпионираат и заплашуваат со години, додека таа прима закани по живот од левичарски групи, вклучувајќи и припадници на Антифа.

„Отидов во полиција, но ми рекоа дека не можат ништо да направат додека не ме силуваат или убијат“, рече Сајбт. „Не добивам никаква заштита од германската влада, иако сум во реална опасност.“

— реклама —

Таа тврди дека, доколку се врати во Германија, би била уапсена поради своите јавни настапи и ставови.

Според Daily Mail, Белата куќа досега не одговорила на барањето за азил на Наоми Сајбт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 1 ден

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 2 дена

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања