Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Апасиев: Ако Џафери беше мајстор - Гаши е велемајстор за скандали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Во 100 дена Влада, Гаши го надмина Џафери во скандали - истакна во своето обраќање на денешната собраниска седница претседателот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.

- Вие го надминавте Талат Џафери, којшто беше мајстор за скандали. Практично, во 100 дена, направивте рафал од скандали и станавте, можеби, велемајстор за скандали - потенцираше Апасиев, говорејќи за стодневното дејствување на Гаши.

Апасиев образложи дека Левица ја темели интерпелацијата на седум основи, кои се дополнуваат и со нови скандали.

— реклама —

- Покрај седумте точки, вие сторивте уште три - четири скандала, но за свадбата на Косово и за пеењето ,,Шота" на 2 Август ќе оставиме да зборува, можеби, недокваканиот Мицкоски, којшто ја оцени оваа уставна интерпелација како глупава - појасни Апасиев.

Во својот говор, Апасиев потенцираше и дека во овие 100 дена се прекршени и Уставот и законите.

— реклама —

- Вие покрај Уставот, прекршивте дури четири закони: Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Изборниот законик - заокружи Апасиев.

За потсетување, како што досега јавноста е повеќепати информирана од страна на Левица, интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на следниве седум точки:

1. Повреда на секуларноста на државата; 2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје;

— реклама —

3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;

4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;

— реклама —

5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери;

6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и

7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5q25i584j52afVcM07C

Апасиев отиде во Будимпешта, каде е и Груевски: „Работите излегоа од контрола“

Македонија | пред 4 дена

apasiev

Апасиев со критика за работата на Пошта: Трет ден не прима писма, адвокати пропуштаат рокови

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya6p7d0if6lb153QgI5N

Апасиев до претседателот на Уставниот суд: „Не ви е голема биографијата, туку стомакот“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Апасиев: Што се случи со договорот за една изборна единица?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања