Промени тема
Контакт

Апасиев: Ги повикуваме сите чесни членови на СДСМ затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во своето гостување во емисијата ,,Претрес со Ландов", го повика гласачкото тело на веќе распаднатата СДСМ да се приклучи кон Левица.

— реклама —

- Ние имавме една герила - акција на Црвена младина со која се обративме до гласачкото тело на СДСМ. Бујрум за сите чесни членови на СДСМ, затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ, сакале тоа да го признаат или не - истакна Апасиев.

— реклама —
— реклама —

Црвена младина ја испрати пораката со истакнување на транспарент со натпис: ,,Другари, вратите во Левица ви се отворени!"

— реклама —

- Треба да правиме разлика под таа комуњарска номенклатура, којашто била како бубрег во лој уште од времето на Југославија. Тоа ви се династиите: овие кои ги имаме ние на УКИМ каде сè нивните се најдобри, нивните за сè ги бива, ама не се сите дека ги бива. И таа номенклатура е преточена подоцна во СКМ-ПДП и подоцна во СДС. Додека оние луѓе кои се левичарски настроени, кои се анти - ВМРО, кои се анти - десничари и таа некоја класа, средна до некаде висока - средна класа, едноставно, остана незастапена, затоа што местото нивно во СДС го земаа бизнисмените - дообјасни Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за западнонилската треска: Наместо навремено прскање и чистење на жариштата, вината се префрла на вазни по гробишта

Коментари | пред 1 месец

apasiev

„Во изминатите 15 години умреле вкупно пет пациенти од западнонилска треска, а сега за само едно лето починаа четворица“, вели Апасиев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања