Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
prof-d-r-Dimitar-Apasiev

,,Борбата за правична и поубава Македонија за сите нас е Борбата што вреди!

Како претседател на Левица, Ви пишувам со големо чувство на благодарност...

Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина.

На ЧЛЕНОВИТЕ на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех. Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии со граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост, одлучност и на моменти фанатична посветеност во клучните мигови е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред во секоја криза и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.

— реклама —

На нашите ГЛАСАЧИ им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.

На сите наши СИМПАТИЗЕРИ и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива! Вербата во нашата левичарска Кауза ја поттикнува нашата решителност уште поборбено да тргнеме кон значајни промени и да создадеме пофер, попрaвично и порамноправно општество за нашиот народ.

Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија.

— реклама —

Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра.

Дека најголема закана за него се чесните граѓани организирани во борбена работничка Партија, кои се спремни да бидат над матрицата на клиентелизмот и личниот интерес понуден од „змијата“ (СДС) или „магарето“ (ДПМНЕ).

Дека токму тие луѓе исфрлија шест нечесни и на нивно место донесоа шест чесни народни пратеници, а разликата допрва ќе ја сведочиме.

Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава!

— реклама —

Со цел на нè запрат - прво нè игнорираа, потоа нè исмеваа, па нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!

Затоа, Борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме!

Фала ви на сите, од сè срце", пишува Апасиев.

— реклама —

Во ,,пост скриптум" Апасиев додава:

p.s. Се гледаме во новиот собраниски состав.

Да ги преброиме зулумите!

Да ги израмниме есапите!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryp9momt5sa6g8c2346f9

(Видео) „За живот без долгови и држава без лихвари“: Апасиев за опасноста од брзите кредити

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

„ДПМНЕ и Славески им одредија џепарлак на граѓаните дури и од нивните сопствени пари во АЛТА банка“, велат од Левица

Македонија | пред 2 седмици

apasiev

„Од кога тоа постоење на одлука се докажува со сведочење“: Апасиев до Обвинителите по вчерашното судење за случајот „Државна лотарија“

Македонија | пред 1 месец

media-librarynivb17sstia4cx1QxyN

(Видео) Апасиев на денешната собраниска седница покажа фотографии од баџанакот на Мицкоски со Заев и актуелниот премиер

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања