Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Апел до жителите на Дебар: Штедете вода, состојбата станува сè посериозна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD
Photo by João Paulo Carnevalli de Oliveira on Unsplash

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар упати апел до граѓаните водата да ја користат одговорно и исклучиво за неопходни потреби, поради сè посериозниот недостиг на вода во градот.

— реклама —

Од претпријатието наведуваат дека голем број жители во неколку населби веќе подолг период се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето и додаваат дека, и покрај воведените рестрикции, состојбата дополнително се влошува.

„Од 1 јули воведовме четиричасовни, а потоа и петчасовни рестрикции во населбите Венец 1, Венец 2, Тараник и Ќернаница. Сепак, во делови од градот вода нема и повеќе часови, особено на повисоките катови од станбените згради“, информираат од ЈКП „Стандард“.

— реклама —

Претпријатието ги повика граѓаните да не ја користат водата за наводнување градини, полнење базени, миење дворови и тротоари, оценувајќи дека таквата потрошувачка претставува злоупотреба.

— реклама —

Рестрикции има и во селото Долно Косоврасти, каде што водата се исклучува од 10 до 13 часот.

Од ЈКП „Стандард“ посочуваат дека водоводниот систем Росоки – Дебар обезбедува вода за повеќе од 40.000 жители, иако градот има околу 10.000 жители, а во летниот период бројот дополнително се зголемува со доаѓањето на иселениците.

— реклама —

Според надлежните, покрај зголемената потрошувачка, проблемот го создаваат и злоупотребата на водата, дивите приклучоци и ненаплатените сметки, поради што и ова лето се воведени рестрикции во снабдувањето со вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Без вода дел од Центар и Гази Баба

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат најновите анализи

Скопје | пред 1 ден

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Чучер Сандево и Карпош денеска без вода

Скопје | пред 4 дена

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Карпош и Чучер Сандево утре без вода

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања