Тешко повреден мотоциклист во судир со автомобил во Дебар
Педесет и осумгодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во судир со автомобил на улицата „Ибраим Колари“ во Дебар.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 21 август во 15:55 часот помеѓу автомобил „опел“, управуван од И.Д.(25) од Дебар, и мотоцикл управуван од А.Т.(58) од селото Рајчица.Мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар во Дебар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото извршила екипа на ОВР Дебар.
Македонија | пред 1 седмица