Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Апелацискиот суд во Ниш го потврди обвинението за убиството на Данка Илиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library0vtc3mb71vsfb8UYQSr

Апелацискиот суд во Ниш го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ на 26 март 2024 година во Бањско Поле кај Бор.

Како што пренесува Танјуг, второстепениот суд ги одбил како неосновани жалбите на адвокатите на Драгијевиќ и Јанковиќ поднесени против решението на Вишиот суд во Неготин за потврдување на обвинението.

— реклама —

Истовремено, Апелацискиот суд ја уважил жалбата на адвокатот на Радослав Драгијевиќ, го укинал делот од решението што се однесува на него и предметот го вратил на повторно одлучување пред првостепениот суд.

— реклама —

Според обвинението, кое е поднесено по дополнување на истрагата, Драгијевиќ и Јанковиќ се товарат за тешко убиство во соизвршителство, додека Радослав Драгијевиќ е обвинет за непријавување кривично дело и помагање на сторител по извршување на делото.

Дополнителната истрага била спроведена по налог на Апелацискиот суд во Ниш, откако двапати било укинато решението за потврдување на обвинението.

— реклама —

Според сомнежите на обвинителството, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ со службено возило на ЈКП „Водовод“, каде што биле вработени, ја удриле двегодишната Данка Илиќ, а потоа ја ставиле во возилото.

— реклама —

Се сомнева дека телото прво било фрлено на депонија, а потоа преместено на друга локација. Телото на девојчето до денес не е пронајдено.

Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помогнал на својот син Дејан да го премести телото на Данка Илиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 23 часа

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 2 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања