„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Апликацијата за пописот која беше донација од бугарска фирма била незаконски набавена, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Сите недостатоци на кои Левица единствена алармираше за време на незаконскиот попис, вчера беа потврдени и од Државниот завод за ревизија, кој констатира низа слабости, пропусти и неправилности. За скандалозноста на спроведениот попис, потврдува забелешката на ДРЗ дека софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор, за кој не знаеле во Министерството за правда.

— реклама —

Потсетуваме дека апликацијата за попишување на дијаспората беше донација од бугарска фирма! Кои се интересите на бугарска фирма да донира апликација за попис во друга држава, особено кога официјалната влада на Софија интензивно врши асимилација на македонското население?!

Односно, ДРЗ утврди бројни неправилности поврзани со софтверската апликација за самопопишување на лицата-државјани кои се на привремена работа или престој во странство и тоа:

— реклама —

софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство;

фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како и

апликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика.

Потсетуваме дека ДПМНЕ не само што беше активен учесник во незаконскиот попис за отпис на Македонците, туку и на лидерската средба Мицкоски прифати продолжување на предвидените 20 дена за попис! Иако Мицкоски собра 100.000 потписи против пописот и ги изманипулира граѓаните, тој ретерираше од својот став и прифати спроведување на косоварскиот попис, без ниту една аномалија да биде отстранета.

Левица е единствена партија која поднесе кривична пријава против директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, и ја известуваме јавноста дека кривична одговорност за овој поданик на власта ќе биде врвен услов за било која идна Влада, во која би учествувала Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања