Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ во текот на 16 декември 2025 година полициските службеници лишиле од слобода три лица поради меѓународна потерница и фалсификувани патни исправи, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, во 15:20 часот, при влез во државата, бил лишен од слобода О.А. (46) од Република Турција. При извршената гранична контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

— реклама —
— реклама —

Претходно, во 01:50 часот, исто така на влез во државата на скопскиот аеродром, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина. Кај нив, при граничните проверки, било утврдено дека приложиле фалсификувани документи. Двете лица биле задржани во Полициската станица Гази Баба.

— реклама —

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc

Без возачка дозвола, пијани или со активна забрана – седум возачи приведени во едно деноноќие

Македонија | пред 30 минути

— реклама —
media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

78-годишен пешак тешко повреден откако во него удрила „шкода“ во Скопје

Македонија | пред 30 минути

media-librarygl7rh4ipjtlb279ZYZ7

Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син, приведен турски државјанин во Скопје

Македонија | пред 31 минута

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Со оружје ѝ се заканувал на сопругата со која се разведува, приведен 56-годишник

Македонија | пред 33 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања