Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Аракчи ѝ се закани на Европа: Нов напад врз Иран ќе ве чини многу повеќе од 100 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryhnd97jipsege3ncKIZs

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, предупреди дека евентуален нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, поради растот на цените на енергенсите.

— реклама —

Аракчи го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц поради неговата претходна поддршка за американско-израелските напади врз Иран и порача дека евентуален нов напад би имал сериозни последици.

— реклама —

„Сто милијарди евра не се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека „црвените линии се минато“.

Слична порака испрати и Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, кој им порача на европските влади: „Војната и теророт имаат своја цена. Сега е ваш ред да платите“.

— реклама —

Претходно, Мерц изјави дека растот на цените на енергенсите поврзан со конфликтот во изминатите осум месеци ја чинел Европа повеќе од 100 милијарди евра.

Тој истакна дека Германија ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот не може да се реши со воени средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања