Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата - Сега умре и рибата во Треска“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ преку соопштение обвини дека граѓаните повеќе од десет недели чекаат на целосни и јавно достапни извештаи за квалитетот на водата, додека, како што велат од партијата, нов случај со угинување риба во реката Треска повторно ги отвора прашањата за состојбата со водите.

Од СДСМ потсетуваат на случувањата во Гостивар, каде, според нив, илјадници граѓани побарале медицинска помош, а околу 5.000 лица биле засегнати. Партијата тврди дека и по десет недели нема јавно објавен и потпишан извештај за квалитетот на водата кој би бил разбирлив за граѓаните.

— реклама —

„Го имаат само зборот на Мицкоски дека е чисто“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека тоа следело по хиперхлорирањето, наодите за бактерии, забраната за користење и прогласувањето на водата за техничка.

Во однос на угинувањето на рибата во Треска, од СДСМ бараат итни анализи и ги поставуваат истите прашања што, според нив, се поставувале и за Гостивар, Лепенец и Вардар – каде се резултатите од испитувањата.

— реклама —

Партијата го критикува и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, тврдејќи дека тој ја проверувал состојбата со водата од воздух, но дека резултати од тоа нема.

СДСМ обвинува дека извештаите за квалитетот на водата во повеќе од 50 места во Македонија не се достапни за јавноста и директно ги посочува премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски како одговорни за нивното необјавување.

— реклама —

„Зошто се кријат извештаите?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека доколку граѓаните ги видат резултатите, ќе се урнат, како што велат, тврдењата на власта дека „нема криминал“ и дека „се живее подобро“.

Во соопштението партијата повторно го отвора и прашањето за концертот на Дејвид Гета, тврдејќи дека за настанот биле потрошени 5,53 милиони евра од Државната лотарија. Од СДСМ велат дека граѓаните нема да заборават на прашањата поврзани со водата.

— реклама —

СДСМ бара целосни извештаи за Гостивар, Треска, Лепенец, Вардар и за сите места каде што, според партијата, постојат сомнежи или прашања околу квалитетот на водата.

„Без потпис на лабораторија нема чиста вода“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Македонија | пред 7 часа

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања