Веќе неколку недели хуманите луѓе донираат за Слободан Попов, кој што има напредна фаза на злокобната болест канцер. За спас на неговиот живот, дадени се препораки за радикална операција, односно ампутација на целата негова нога. Цобе и неговото семејство решиле лекувањето да се спроведе во Солун Р. Грција, со помош на интегративна онкологија, која го третира проблемот како спој од повеќе познати и научно докажани методи за лекување. Постигнале договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, која е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција.
Со терапијата поголем дел од депозитот е уништен и е доведен во ситуација да биде отстранет со операција, а со неа ќе биде комплетно променет постоечкиот имплант (вештачки колк и бутна коска), кој претходно бил неуспешно вграден при операцијата во Скопје.