Македонија

Внатрепартиски тензии, изборот на Талат Џафери го блокира ДУИ!?

Денеска треба да продолжи конститутивната седница на Собранието и да се избере Талат Џафери за негов претседател, но неочекувано нејзиното одржување влезе во неизвесност наводно поради внатрешните расправии – во ДУИ. Како што наведуваат повеќе медиуми на албански јазик, главната причина за ова е изборот на министрите во новата влада. Наводно, избувнал голем гнев во ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај поради предлозите Артан Груби, Бујар Османи и Фатмир Бесими да бидат на чело на клучните ресори што треба да им припаднат на интегративците, објави nezavisen.mk. 

Според тие информации, Груби и Османи не биле поддржани од овие два главни ограноци во Скопје, а пратениците Изет Меџити и Арбен Зибери вчера не дошле на седницата на Централниот совет на партијата кога се одлучуваше за номинацијата на новите министри.

Текстот во целост на:  nezavisen.mk. 

На почеток