Италијанската јавност е во шок откако позната музичарка е пронајдена мртва, а по 16 дена потрага е откриено и распарченото тело на нејзиниот четиригодишен син, објави Макфакс.
Телото на диџејот Вивијана Париси е пронајдено во близина на електричен столб, откако имала мала сообраќајна несреќа на пат во Сицилија. Но, нејзиниот син не бил до неа, па полицијата ја продолжила потрагата, пишува Би-би-си.
https://www.facebook.com/DANIELEMONDELLODJ/posts/3267514440010177
Распарченото тело на детето ги пронашол полицаец доброволец кој се вклучил во потрагата, на околу 200 метри од магистралниот пат до Палермо и 400 метри од местото каде што е пронајдено телото на мајката.
Обвинителот Анџело Кавало изјави дека истражителите работат на три хипотези што може да објаснат што се случило: убиство-самоубиство, напад на диви животни или сексуален напад.
Според информациите на полицијата, Вивијана Париси го однела нејзиниот син на шопинг, при што доживеале мала сообраќајна незгода во тунелот. Поради дупната гума на автомобилот, Париси го запрела возилото откако го напуштила тунелот.
Italy Viviana Parisi death: Child's remains found in mystery search
Italians have been shocked by the death of a 43-year-old DJ, who disappeared with her son.https://t.co/nad562J1Qo pic.twitter.com/2OLQrcuPgy
— Dernières nouvelles de la France et du monde (@nouvelles2025) August 19, 2020
Видео од приватна надзорна камера снимило возило кое застанало да ѝ помогне на Париси, па властите апелираат тие да се јават и да помогнат во истрагата.
Сведоците опишале дека Париси се прекачила преку заштитната ограда „крајно вознемирена“ и дека носела неповредено дете во рацете.
Текстот во целост на: Макфакс.