Свет

Против кандидатот на Трамп, Џо Бајден имал средба со Тито на која разговарале повеќе од два часа за иднината на Југославија!

Аналитичарите и американската јавност како најголемите недостатоци и слабости на демократскиот кандидат Џо Бајден ги истакнуваат неговата возраст и долготрајното присуство во политичкиот естаблишмент.

Доколку биде избран во Белата куќа, тој ќе биде најстариот американски претседател во историјата, кој на 78 годишна возраст е избран на таа функција во неговиот прв мандат, објави vocentar.com. 

Како доказ за неговата старост и претерана долговечност во американската политика сега се посочува фактот дека Бајден е толку долго во политиката што на времето имал средба и со поранешниот Претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Како сенатор од Делавер, сегашниот ривал на Трамп беше член на делегацијата на поранешниот американски претседател Џими Картер, предводена од познатиот дипломат Аверел Хариман, која 1979 година пристигна во тогашна СФРЈ на погребот на најблискиот соработник на Тито и идеологот на југословенскиот самоуправен социјализам, Едвард Кардељ.

Текстот во целост на: vocentar.com. 

На почеток