Македонија

Ќе има предвремени избори за градоначалник во Штип, Бочварски ќе биде нов министер за транспорт и врски

Општина Штип ќе добие в. д. градоначалник, откако сегашниот градоначалник Благој Бочварски ќе ја преземе министерската функција во Министерството за транспорт и врски.

Бочварски денес на прес-конференција најави дека можно е одржување предвремени локални избори во општината.

„Јас и досега имав назначено заменик градоначалник од редот на советниците, постапката ќе ја продолжи општината и ќе се преземат сите наредни чекори, ќе се избере в.д. градоначалник кој ќе ја извршува таа функција се до следните локални избори. Законот е јасен па ќе го толкуваат и нашите правници. Реална е таа можност да се оди на предвремени локални избори, според овие закони, нека ги толкуваат правниците, како ќе се одлучи, веројатно е дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори. Во кој момент ќе се случат треба да одреди Владата и ресорното министерство“, изјавил Бочварски.

 

 

На почеток