Се поставува спомен обележјето на загинатите во бродската несреќа во Охрид, во која Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно 57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум. Споменикот е на Студенчишката патека после мостот. Според замислата, околу споменикот ќе биде новиот парк на розите.
Градежните активности ги изведува ЈП Градски гробишта.
Споменикот ќе биде уреден до годишнината од бродската несреќа 5 ти септември.
За потсетување несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.
Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно 57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум.
Кормилото на бродот го управуваше тогаш 23-годишниот капетан од Охрид.
Тој се соочи со мерка притвор веднаш по несреќата, а на 5 јули 2011 беше осуден на една година затвор.
Висината на казната на Филески му ја олесни застапникот на бугарските државјани кои ја преживеаја несреќата. Тогаш беше образложено дека капетанот направил се што можел да спаси поголем број на патици жртвувајќи го сопствениот живот.