Македонија

„Поддршка за претседателот, веднаш“ им било речено на жените од ВМРО-ДПМНЕ откако беше побарана оставка од Мицкоски

Насоки за пишување статуси на социјални мрежи во кои треба да се изрази поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дала претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, според објавените фотографии од разговори помеѓу партиските структури.

Ваквото барање на Ласовска кое според фотографиите го упатила до 73 членови на групата доаѓа два часа откако поранешни и сегашни членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Весна Дамческа-Илиевска и Марина Кавракова, членови на Извршниот комитет на Унијата на жени, побараа вонреден конгрес и оставка од Мицкоски. „Излезете со јавни статуси за поддршка на претседателот. На ваши профили и од страните на УЖ. Веднаш“, пишува во пораката, која според фотографијата е испратена од Ласовска во 14:20 минути.

На оваа порака, се надоврзува Лилјана Затуровска, генерална секретарка на Унијата на жени на партијата, која напишала: „Ајде одма да си ја поддржиме партијата и да не им даваме храна на олопите“. Двете функционерки во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија за пораките. Повеќе на А1он.

 

На почеток