Македонија

Нови детали за тоа како се прислушкувало во Македонија, откри сведок во постапката

Денеска во Кривичниот суд продолжи процесот за случајот “Таргет тврдина” во кој обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Сведок во постапката вработен во “Ериксон телекомуникации” Момир Малетиќ, изјави дека во период од 2008 до 2015 година ги одржувал “Ериксон” серверите кои биле во УБК.

„Во октомври 2016 година, по барање на СЈО дојде експерт на “Ериксон” кој по проверка на системот констатира дека било направено архивирање на податоците на системот. Тоа значи дека сите податоци од базата се префрлаат во текстуален фајл. Странскиот експерт во серверите тој фајл не го најде, каде е не знам“, истакна  сведокот.

Според обвинението за “Таргет-Тврдина” преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени телефонски броеви без да бидат издадени судски наредби.

На почеток