Скопје

Епидемиологот Стојанов од Скопје разочаран: Не може вака, залудно зборуваме!

Бројот на заразени со коронавирус ќе беше преполовен ако немаше журки и свадби, а воедно се почитуваа мерките за кои зборуваме шест месеци, тврди директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Александар Стојанов. Тој вели дека никој не може да оди против народот, што значи дека секој треба да се свести за последиците од вирусот поради кој е прогласена пандемија на светско ниво.

„Да не беа журките, бројките ќе беа преполовени, се шири кај ќе стигне. Ако нема последици од вирусот, немаше да забрануваме. Не само ние, туку и целиот свет. Во источна Македонија има журки, а во западна има свадби. Не може ние да казнуваме, епидемиолозите не можат да одат по кафани и да бркаат гости. Не може вака, залудно зборуваме, залудно правиме. Додека некој не осети како ќе му се испразни џебот поради непочитување на мерките, ова ќе продолжи. Епидемиолозите не се тие кои треба да казнуваат, но и не можат да казнуваат. “, вели Стојанов за „А1он“.

Заразените, пак, и натаму ги кријат контактите, даваат лажни податоци, телефони за контакт.

На почеток