Скопје

Општина Гази Баба го презема работењето на добиточниот пазар

Општина Гази Баба им излезе во пресрет на сточарите кои беа оставени на улица да го продаваат својот добиток. Јавното комунално претпријатие” Гази Баба 2007” од денеска започнува со вршење на основната дејност односно бесплатно влегување и наплата, додека останатите работи и понатаму ќе ги вршат соодветни органи.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски соопшти дека за овој чекор го известил и општинскиот совет кој треба да даде зелено светло за целосно комплетирање на документацијата која треба да ја поседува ЈКП Гази Баба 2007.

Според него, добиточниот пазар ќе остане на истата локација, а општина Гази Баба, преку ЈКП Гази Баба ќе се залага за да ги подобри условите и третманот за стопанисување, да обезбеди основи како во лето така и во зима, а особено обезбедување на хигиена и третман на животните. Георгиевски вели само со изнаоѓање на трајно решавање на проблемите, граѓаните ќе бидат задоволни.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток