Во рамките на твининг проектот за Зајакнување на оперативниот и институционалниот капацитет на Царинската управа во соработка со Европската комисија и Царинската управа на Австрија, тим од раководители на високо и средно ниво од Царината учествува на тимска обука за управување со промени за највисокото раководство на Царинската управа.
„Разговараме за значењето на „промените“, влијанието на промените на организацијата, на деловната заедница и на општеството. Оваа обука треба да не подготви за новите промени кон Дигитална Царина, ONE STOP SHOP контроли, олеснување на трговијата“, вели директорот на царинската управа на Македонија Ѓоко Танасоски.