Македонија

Помирувачите на прв состанок во Собранието

Координативното тело за помирување и интеграција денеска ќе го одржи својот прв состанок, а се очекува независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го презентира предлог-законот за амнестија на лицата што не вршеле насилство на 27 април минатата година при упадот во Собранието.

Неофицијално, во предлогот ќе се бара еден вид преквалификација на делото за дел од обвинетите, но сè уште се прават консултации со правни експерти, брифираат од оваа пратеничка група.

Од СДСМ велат дека тие немаат намера да поддржат амнестија на насилниците и на нарачателите на крвавиот четврток, но расположени се да ги слушнат предлозите за аменстија што ќе ги испорача телото за помирување.

Од ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија што не учествува во телото за помирување велат дека за нив само целосна амнестија за сите учесници во настаните на 27 април би значела национално помирување.

Претходно, пратениците го отфрлија предлог-законот за амнестија поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. Со него партијата побара помилување на сите обвинети и осудени за 27 април.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток