Откако Доналд Трамп е претседател на САД, Германците сѐ повеќе се дистанцираат од „големиот брат“ – Америка. Тоа го докажува студија организирана од фондацијата Кербер.
Германците имаат многу причини да им бидат благодарни на САД. Америка е синоним за Маршаловиот план, западните асоцијации, поддршка при повторното германско обединување и уште многу други нешта. Но, врз историското пријателство се надвиснува темна сенка: американскиот претседател Доналд Трамп ги принудува Германците да ги променат своите надворешно-политички приоритети.
Според студија на фондацијата Кербер, Германците во САД сеуште гледаат втор по значење партнер по Франција, но само 35 проценти, додека пред една година биле 43 проценти. Политиката на САД предизвикува засилено загриженост кај Германците – 28 насто во трансатлантските односи гледаат најголем надворешно-политички предизвик, додека во 2017. биле – 19%. Барометарот на загриженост е повисок само во однос на бегалската и миграциска политика.
73 проценти од Германците билатералните односи со САД ги оценуваат за лоши или дури многу лоши. И тука има големо покачување во однос на претходната година (56%). Патем, напротив, 70 насто Американци сметаат дека односите со Германија се добри или дури одлични. Очигледно, тие повеќе ја ценат политиката на канцеларката Ангела Меркел отколку на својот претседател. Него првенствено го лути што германската влада, од негов аспект, одвојува премалку пари за одбранбени цели. Во овој поглед мнозинството Германци изненадувачки му даваат за право на Трамп: 43 проценти се за зголемување на буџетот за одбрана (2017: 32%). 40 проценти пак сметаат дека давачките за воени цели треба да останат на исто ниво, а 14 % сакаат да се намалат.