Македонија

Во Штип и Тетово, откриени возила за јавен превоз со неисправни уреди за запирање и управување

На 31.08.2020 во периодот од 07.00 до 12.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 24 прекршоци од нив: 11 за неисправен уред за запирање, два за неисправен уред за управување, два за непродолжена регистрација, еден – неисправни светлосни уреди, еден – неисправни останати уреди, еден – недостатоци на опрема и шест за неизвршен вонреден технички преглед. Санкционирани се и 37 останати прекршоци.

На 31.08.2020 во периодот од 07 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата биле опфатени 100 возила (ТЕ-81 и ГВ-19), при што бил откриен 21 прекршок (ТЕ-11 и ГВ-10). Најмногу прекршоци 13 (ТЕ-10 и ГВ-3) се однесувале на неисправни сопирачки, а откриена била неисправност и на светлосни уреди, опрема и друго). За овие прекршоци поднесени се законски предвидените поднесоци, а 19 возила веднаш биле и исклучени од сообраќај. Во акцијата констатирани се и шест други видови прекршоци.

На почеток