Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани.
„Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти“, рече Шилегов.
На новинарско прашање дека Скопјани постојано негодуваат дека добиваат убоди од комарците. Па сакам да ве прашам, дали вие добивате убоди? Шилегов истакна:
„Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам“, одговори Шилегов.