Македонија

Нелоски: Незадоволството кај граѓаните од политиките на СДСМ многу брзо ќе стане видливо

Вечерва во емисијата „Само вистина“ гостуваше Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. При своето гостување посочи дека граѓаните осиромашуваат,а СДСМ не прави ништо.

„Во тоа дека СДСМ може подобро и повеќе видовме дека можат уште повеќе со тоа кога еден функционер доби „голема“ казна за шверц со цигари и потоа член на негово семејство доби дозвола за одгледување на марихуана. Ова е правдата на СДСМ, но тоа не е правда“, посочи Нелоски.

Според Нелоски СДСМ прави само работи за кои не зборуваше во предизборието како што беше со покачување на цената на струјата.

„Граѓаните ќе бидат нервозни кога ќе им стигнат сметки за парно повисоки за 7,5 проценти, а тоа не беше никаде кажано. Тоа е така поради фактот што СДСМ прави непродуктивни трошоци, има договори со универзалниот снабдувач, и преку фирмите за енергетика СДСМ со фирми блиски до нив испумпува средства“, истакна Нелоски.

„Има 40 илјади луѓе кои останале без работа, без леб кои не знаат како да купат прибор за училиште за своите деца. За ова треба решение и одговор од Владата“, вели Нелоски.

„Оваа лепенка влада како што ја нареков кратко ќе издржи. Следната година има локални избори, не верувам дека ќе издржи и многу повеќе од по локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе биде помеѓу граѓаните, како и до сега. Јас ќе бидам на протестите“, рече Нелоски.

„Многу набрзо револтот на граѓаните кој тлее поради лошите политики во здравството, во образованието ќе експлодира на некој начин“, кажа Нелоски.

 

На почеток