Обвинителот во случајот ” 27 април” го праша пратеникот Никола Мицевски за текот на конститутивната седница. Таа посебно се интересираше дали тогашниот претседавач Трајко Вељаноски можел да го исклучи пратеникот од Беса кој на говорница ја пееше албанската химна.
Мицевски одговори дека тоа не е можно.
– Претседавачот Вељановски немаше можност да го исклучи микрофонот на пратеникот. Тоа можеше да го направат собраниските служби од друго место. Таквата можност претседател на Собранието да исклучи микрофон на пратеник беше овозможена неколку години подоцна- објасни Мицевски.