Општина Ѓотче Петров упатува апел до медиумите за помош за нивната борба. Тие во Објавата пишуваат:
-Откако поминаа неколку дена, во кои оставивме општината да покаже дека ги слушнала барањата на граѓаните на Ѓорче Петров и на Иницијативата на граѓаните кои живеат во Дексион, за овој венец на згради кој ќе биде во висина од 17 КАТА И 58 МЕТРИ ВИСИНА, а во кои освен навреди и дрзок однос од страна на општината не добивме ниту објаснување, а ниту пак најава дека нешто ќе се промени, ние граѓаните на Ѓорче Петров даваме РОК до петок 11-ТИ СЕПТЕМВРИ, општината да покаже дека има волја да ја НАМАЛИ ВИСИНАТА И ГАБАРИТОТ НА ОВИЕ ЗГРАДИ, во спротивно викендов ќе излеземе на ПРОТЕСТ !!!
Од сликата во прилог може да се види дека е дозволено согласно ДУП зградите да бидат во таа висина и таа катност !!!
– 19.000 м2 во основа !
– 90.554 м2 бруто развиена површина со намена домување !
– над 2.800 жители !
– над 780 станови !
– комплетна промена на демографијата !
– НАД 17 КАТА ИЛИ ВИСИНА ОД 58 МЕТРИ !
Нема да ви дозволиме да се богатите на сметка на нашите животи и иднината на нашите деца.
Стоп за урбаната профитабилност !!!
ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ !!!
https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko/photos/a.582745655131237/4266488460090253/?type=3&theater